Те видов и го загреав своето срце. Те допрев и го возбудив своето тело. Те сонив и ја рабудив својата фантазија. Те мислев и го насмеав своето лице. Те љубев и го исполнив својот живот.


Ако барем еден збор, имаше место и барем еден глагол, свое дело? Ако звукот на мојот говор не таеше, мои мисли?… Ако слухот, отрпнеше на сладоречје, а срцето сменеше ритам? Ако умот можеше се што јас не можам?… Колку ли поубаво ќе се разберевме?


Ти, тие, ги нарекуваш кукавици, А јас, внимателни! Ти, тие, ги нарекуваш деца, А јас, авантуристи!   Таквите безјазични, Делата им говорат, Таквите бункер-нирани, Размислуваат со време.   Твојата и мојата љубов Се спојуваат само кога месецот и сонцето, НИЕ ги гледаме, во разминување…


Иритирана од ситното непрекидно зуење на Vivaldi-евите летни муви. Гласно осудувајќи ги моите мисли. Им се препуштив на Sean Saens-овите бранови и гревот на Далила. Од време на време крадев воздух. Испровоцирана од Bizet-овите најстрого казнувани страсти. Зарем не сум тоа, токму јас?! Ме задушува присатноста на познатото: ‘Cosi fan tutte’!!! Ја буди мојата драматичност….


бев и ме снема… Покрај многуте желби и раскошна мисла, ме снема и замрев… Покрај силната потреба и сигурност, замрев и се изгубив… Покрај вербата дека знам во што верувам, изгубена се исплашив… Покрај љубовта во неисполнување исплашена се разбудив… Добро утро!


Tvojot lik, mažestven. Mojot, damski, sozdaden! Igrame… Telata komponiraat duet, a strasta dirigira vo eden zdiv. Publikata se žedni za pak da se napie Srceto eksploatirano od umot, poinakov ritam pulsira, do sega nedoživean. Nov! Očite nerazdelno probivaat niz maski, svlekuvaat kostimi. …aplauz! Racete ni se skliznuvaat edna od druga, ispoteni… Tretiot čin završi! Kraj….


Mirizlivi granki od tvoeto razgoleno esensko telo tie prsti, padnati listovi mi nadlegnuvaat vrz kožata… me skokotkaš… So burno breftanje gi razletuvaš naokolu, pikiraš, da ne zalegnat predologo. Korenot na tvoeto bitie, raste vo mene… Rapavosta me drazni i obvitkuva do samite prsteni na iskustvoto. Go previtkuvaš stebloto okolu mojata sitnost, štom izvieno me vlažni…


 …I v toj čas pukna mojot glas! Oh, zošto li se sluči, ne smeeše taka da zvuči! Za čuvstvata će tajam, ne mi treba ljubov na zaem. Za mig toj vreden, ne se kajam …taka mislam sega, barem. Sega zamini, odi… nov pottik vo tebe nek rodi, nasmevka edna, molam i za mene koga pukblikata…


Молчам, збунета сум сета. Минаа толку лета, да те сретнам тебе мили во толкав број дебили. …И ќе молчам ако треба, ќе живеам ко амеба. Мислев изрод сум, створ но веќе немам збор. Molčam, zbuneta sum seta. Minaa tolku leta, da te sretnam tebe mili vo tolkav broj debili. … I ke molčam ako treba,…


За тебе љубов моја, нема да пишувам… Страв ми е да не ја загрозам тетраткава како себе си.   O tebi ljubavi moja, neću pisati… Bojim se da ne ugrozim bilježnicu kao što sam sebe.